Холивудскиот силувач колабира кога рекоа: Виновен е!

398 прегледи

Во Њујорк е завршено судењето на Харви Вајнштајн, некогашниот холивудски монгул кој во текот на три децении напаствувал десетина, можеби и стотина жени.

Вајнштајн е прогласен за виновен за „само“ два напади, едно злоставување и едно силување. Жирито од пет жени и седум мажи го прогласи за виновен. Вајнштај , кој во текот на судењата претходните недели повремено спиеше, а судијата го опомена поради носење на четири мобилни телефони во судницата, колабирал и мораше да биде пренесен во болница.

За време на читање на пресудата, Вајнштан велел дека е невин. Нему потоа му се слошило и бил пренесен во болница со болки во градите и зголемен притисок.

Харви го тужеа Миријам Мими Хејг, некогашна асистентка која ја злоставувал и актерката Џесик Ман која ја силувал.

На Харви му се закануваат 29 години затвор. Избегна доживота казна, која можел да ја добие, но не е исклучено дека против него ќе бидат поткренати повеќе обвиненија.

Слични содржини