ВМРО-ДПМНЕ е криминална и антидржавна партија која ги загрозува европските аспирации на државата за да си отвори шанса повторно да го инсталира режимот и да го амнестира партискиот криминал.Нивниот последен скандал е обидот да издејствуваат Европската Унија да не и додели датум за почеток на преговори на Северна Македонија. Со тоа ВМРО-ДПМНЕ ја доведува во опасност иднината на државата и на граѓаните, велат од СДСМ.
ВМРО-ДПМНЕ како аргумент да ја оправда ваквата антидржавна политика ја користи лагата дека со доделувањето на датум за преговори во март, Европската Унија ќе влијае врз изборната кампања со фаворизирање на одредена партија.Партијата на Христијан Мицковски моли меѓународни преставници и европратеници да не се додели датумот за преговори затоа што нивната режимско – криминална матрица е така кодирана – да ја уништува државата, да и ја блокира европската иднина и повторно да ја окупира.
Крајната цел на ВМРО-ДПМНЕ е Северна Македонија никогаш да не стане членка на НАТО и на ЕУ само за да си го спасат криминалот и одговорноста што ја покрадоа државата.ВМРО-ДПМНЕ никако да научи дека реформите, резултатите и успесите не се постигнуваат за партиите, туку за државата. Датумот за почеток на преговори со ЕУ ќе и се додели на Северна Македонија, а не на СДСМ или на која било друга партија во власта.Затоа ваквите потези на ВМРО-ДПМНЕ да лобира за државата да не добие датум, се крајно опасни, непромислени и ја загрозуваат европската иднина на граѓаните.СДСМ ќе остане посветена на правиот пат кон Европа. Таму е нашата иднина и иднината на нашите деца. Ние ќе сториме се нашата држава во март да го добие датумот за преговори, изјавија од СДСМ.