Откако со години ја криеја врската: Миленикот на жените и неговата девојка „уловени“ на романтична прошетка

379 прегледи

Кијану Ривс откако по 35 години официјално ја покажа својата девојка на Александра Грант на црвениот тепих во Ноември минатата година, а парот повеќе не се крие.

Александра Грант стигна во Сан Франциско како би го поддржала своето момче, а таа и Кијану Ривс по неколку години врска неодамна за прв пат изгледоа во јавност.

Daily Mail јавува дека парот бил на вечера и потоа на прошетка низ градот, а новинарите ги „уловиле“ заедно во ретко појавување иако во врска се со години, а тоа добро го криеја од јавноста.

Ривс во Сан Франциско го снима четвртото продолжение на филмот Матрикс, кој светлото на денот ќе го види наредната година. Новото продолжение на Матрикс започна да се снима на почетокот од годинава.

55-годишниот актер ретко зборува за својот приватен живот. Иако медиумите со месеци зборуваа дека тој и Грант се во врска, неговата пријателка Џенифер Тили рекла дека парот е во врска неколку години.

Кијану со девојката Александра соработувам на книгите „Ода на среќата“ и „Сенки“. Уметницата ги илустираше, а актерот ја пишувал поезијата.

Слични содржини