„Прво ќе те бацам јас, после ти мене“ – љубовната приказни на Флопи и Тобого од Скопската зоолошка градина

од Берта Китинска

Скопската зоолошка градина објави неверојатна фотографија која буквално вреди илјада зборови…

Двете жирафи Флопи и Тобого јавно покажаа нежност допирајќи се со муцките.

„Прво ќе те бацам јас тебе, после ти мене“ ❤️Флопи & Тобого, напишаа под фотографијата од Скопската зоолошка градина.

Зоолошката градина во Скопје веќе седма година по ред им е дом на Флопи, Каспер и Тебого, трите жирафи. Тие постојано ја покажуваат љубовта и емоциите кон својот  дресер Ристе Трајковски, кој е постојано со нив, а нивните заеднички  фотографии  беа прикажани во странските медиуми.

Фото: Фејсбук

Слични содржини