Луѓето најчесто се во состојба да предчувствуваат опасност. Меѓутоа, невозможно е да се предвиди ваш се, особено работи кои ги правиме секојдневно, а за кои сме убедени дека се потполно безопасни.
1. Пиење од пластично шише
Компонентите кои се наоѓаат во пластичните шишиња можат да ја намалат плодноста, да ја зголемат телесната маснотија, имаат негативно влијание на нервниот и имунолошкиот состав, да влијаат на развојот на гениталиите кај мажите, потикнување на детската дебелина и да ги зголемат шансите за развој на кардиоваскуларни болесто. Пластични шишиње се најштетни токму за децата.
2. Хемиско чистење
Хемиското чистење е хемиски процес и за време на истото облеката минува низ многу опасни хемикалии, а некои од нив може да се задржат на ткаенината. Доколку ги вдишете, постои шанса да добиете иритација да дишните органи или очите, главоболка, вртоглавица или проблеми со видот.
3. Пригушено кивање
Никогаш не треба да се воздржувате од кивање или да се обидувате да кивнете во себе. Доколку тоа го направите постои шанса да ви пукне ушното тапанче од притисокот. Пригушеното кивање исто така може да предизвика пукање на крвните жили во очите, носот и ушите.
4. Користење на парфем полн со хемикалии
Многу парфеми во себе содржат токсични состојки кои се држат во тајност. Овие состојки потекнуваат од нафта и можат да предизвикаат респираторни и хормонски проблеми, мачнина и повраќање. Во најлош случај, луѓето можат да доживеат труење или појава на рак.
5. Стискање акни
Пред се, со овој чин само ги правиме поголеми, а можеме да направиме и лузни. Постои подрачје на лицето познато како „триаголник на смртта“ кое е поврзано со мозокот и во него можете да предизвикате инфекција обидувајќи се да ја истиснете акната. Доколку го погодите нервниот состав може да предизвика и компликации со видот, парализа, менингитис, па дури и смрт.
6. Козметика со синтетички компоненти
Важно е да знаете дали шминката која ја користите содржи синтетички компоненти/ Тие компоненти со текот на времето ќе се насоберат во вашето тело и може да предизвикаат иритација на кожата па дури и рак.
7. Не ја менувате перницата
Секоја ноќ додека спите, перницата собира маснотии од вашата кожа, коса и тело. Ова доведува до насобирање на прашина и честички на перницата што може да предизвика тешки алергии.
8. Кубење влакна од носот
Кубењето влакна од носот може да доведе до иритација и воспаление на слузницата на носот. Со нивно отстранување, исто така, го ослабнувате својот имунолошки систем и тоа може да доведе до менингитис и други мозочни инфекции.
9. Готови јадења
Готовите јадења имаат многу малку нутритивни својства од свежата храна. Многу од овие производи содржат канцерогени честички бидејќи се готват на висока температура. Овие оброци исто така содржат работи кои можат да го зголемат ризикот од добивање дијабет.