Коронавирус и во Романија: Потврден првиот случај кај маж кој се вратил од Италија

од Nikola Popovski
258 прегледи

Во Романија е потврден првиот случај на инфекција со коронавирус.

Романските власти соопштија дека е потврден првиот случај на инфекција во земјата со Ковид-19, кој е предизвикан семејството на коронавируси, објави романската телевизија.

Осврнувајќи се на неименувани извори во медицинскиот сектор, телевизијата „Реалитета плус“ објави дека станува збор за човек кој се вратил од Италија пред три недели.

Во телевизискиот извештај се додава дека лицето е ставено во карантин во болницата за заразни болести „Матеј Балш“ во Букурешт.

Болничките службеници не беа достапни за медиумите да ги коментираат наводите на романската телевизија.