Ивановски: На овие избори треба да се понуди реална и остварлива таргетирана програма

од Берта Китинска
297 прегледи

Клучната работа на овие избори, според Игор Ивановски, универзитетскиот професор од Економскиот факултет, е да се понуди пакет на реална, остварлива, фокусирана и таргетирана програма врзана со кадровсски потенцијал кој што таа ќе ја спроведе.

-Мислам дека клучен момент е дека оваа политка која започна овие две и пол години треба да продолжи. На овие избори на Македонија не и требаат експерименти или дисконтинуитет, бидејќи премногу страдавме во овие изминати скоро три децении, на едни амплитуди каде добрите започнати работи се прекинуваат, а се започнува со некоја нова авантура- изјави за „Утрински брифинг„ на „Слободна ТВ“, Игор Ивановски, универзитетскиот професор од Економскиот факултет.

Слични содржини