Заев: Ние продолжуваме да го следиме примерот на Борис Трајковски градејќи мир

од Берта Китинска
295 прегледи

Денеска се навршуваат 16 години од трагичната смрт на миротворецот Борис Трајковски, еден од потписниците на Охридскиот Рамковен договор во 2001. „Блажени се тие што градат мир…“ е дел од библиската порака од неговиот надгробен споменик која е аманет за сите политичари, напиша лидерот на СДСМ, Зоран Заев на  својот профил на Фејсбук.

Претседателот Борис Трајковски вечно ќе остане запаметен како чесен и доблесен, проевропски политичар, посветен на сите граѓани и на поголема регионална и меѓународна соработка на нашата држава.Ние продолжуваме да го следиме неговиот пример, градејќи мир, едно општество и соработка со сите наши соседи, пишува Заев.

Денеска се навршуваат 16 години од трагичната смрт на миротворецот Борис Трајковски, еден од потписниците на Охридскиот…

Публикувахте от Zoran Zaev в Сряда, 26 февруари 2020 г.

 

Слични содржини