Дерковски: Партиите да ги почитуваат препораките за јавните собири

од Берта Китинска
304 прегледи

Претседателот на Државната изборна комисија Оливер Дерковски очекува дека партиите ќе се придржуваат до препораките во врска со јавните собири во контекст на превентивата од корнонавирусот, за што денеска на седница одлучува Владата.

-Се надевам ќе ги почитуваат одлуките на Владата. Ситуацијата е таква во која мора сите да внимаваме и да се однесуваме одговорно. Се надевам дека ќе се однесуваат одговорно во целата ситуација, рече Дерковски одговорајќи на новинарско прашање по денешната јавна седница на ДИК.

Владата, како што најави претходно министерот за здравство Венко Филипче, денеска на седница ќе одлучува дали ќе забрани масовни јавни собири без разлика дали се организираат на отворен или затворен простор, како спортски настани, со цел превенција на ширење на коронавирусот.

Слични содржини