Вучиќ: Најавата на Курти е нов трик и обид за измама

од Aleksandar Petrovski
161 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја коментираше најавата на косовскиот премиер, Албин Курти, дека таксите ќе бидат укинати на 15 март со оценка дека тоа е нов трик на Албин Курти и дека американскиот претставник Ричард Гренел е апсолутно во право во изјавата дека САД не ги поддржуваат „полумерките“ на косовскиот премиер, јави дописникот на МИА од Белград.

-Никој од српските државни органи не реагираше на темата за укинување на таксите затоа што сакавме да видиме што е се речено за да ја процениме состојбата. Г-дин Гренел апсолутно е во право и ова е само една игра. Приштина со ова ништо не и прави на Србија. Курти тие трикови нека ги продаде на некој друг

-Ден пред мојата посета на САД решија да ги укинат таксите за да немам тема таму. Тој смисли дека таксите ќе бидат укинати еден ден пред мојот престој во Берлин, седум дена пред неговата посета и два дена пред големиот самит во Виена, ја коментираше Вучиќ, како што кажа „измамата на Курти.“

Вучиќ додаде дека Курти ќе ги укине таксите на суровините затоа што пченицата ја добива поевтино од Северна Македонија затоа што тоа го бараат албанските бизнисмени за да можат да прават поевтино тесто.

-Но, српските финални производи, чоколади, бисквити и прашок, тоа не го интересира, каде Србите би оствариле профит. Дали ова сам го смисли или некој ти помогна, изјави Вучиќ, порачувајќи му на Курти да ги продаде овие трикови на некој друг.

„Ние ќе почекаме, кога ќе се укинат таксите, можеме да разговараме, дотогаш, ќе бидеме трпеливи“, изјави Вучиќ.

Косовскиот премиер Албин Курти, синоќа најави дека Косово од 15 март може да ги укине таксите, започнувајќи со суровините кои доаѓаат од Србија и Босна и Херцеговина. Од 1 април, сите други давачки може да паднат, за период од 90 дена, порача Курти.

Слични содржини