142
Министерот за здравство, Венко Филипче соопшти дека по направените тестови негативни се резултатите на возачот на комбето кој ја превезувал жената која е заразена со коронавирус и виничанецот кој вчера вечерта избега од штипската болница со својата девојка, хрватска државјанка.
Сепак и двајцата остануваат во изолација додека не поминат 14 дена, периодот на инкубација, а за понатаму ќе одлучат лекарите. Пациентката која е пак заразена со корона вирус е во добра здравствена состојба, нема температура и Филипче очекува наскоро да се опорави.