393
Три лица се приведени на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на Здуњска крстосница, затоа што при нивен и преглед на патничко возило, во кое се превезувале, биле пронајдени екстази.
Како што јави полицијата станува збор за маж на 26-годишна возраст со иницијали М.Д. и две женски лица – А.С.(23) од Пехчево и 17-годишно женско лице од Скопје.
Мажот во меѓувреме ги проголтал таблетите и бил пренесен во гостиварската болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош.
Двете женски лица биле задржани во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот.