Ние секогаш се залагавме да има коалиција која ќе донесе промена, да донесе максимализација на потенцијалот на нашите поддржувачи. Што се однесува до можноста за приклучување на други партии, сметам дека тие треба да одговорат. Мислам дека со оглед како се позиционирани тешко дека ќе има предизборна коалиција, рече во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, Кастриот Реџепи, потпретседател на политичката партија БЕСА, околу можноста за приклучување на Алијансата на Албанците и Алтернатива во постоечката коалиција помеѓу СДСМ и БЕСА.
-Околу излезноста – сметам дека ќе има излезност, бидејќи за прв пат се создава партнерска коалиција, порано сме имале пост изборни коалиции каде не сме знаеле врз кој основ се направени. Оваа коалиција дава гаранција и на Албанците дека ќе имаат политички субјект кој ќе гарантира исполнување на нивните барања и ќе биде инспирација за излегување на избори. Со оваа коалиција се надзира и промената во албанскиот блок- вели Реџепи.