Принцот Ендру ѝ дозволил на бившата девојка да седи на тронот на мајка му

од Elena Daskalova
379 прегледи

Принцот Ендру се гледал со моделката Каприс Буре извесен перод, а двапати ја донел и во Бакингемската палата, без знаење на остатокот од семејството.

Во раните 2000-ти тие неколкупати излегле, додека таа имала работни обврски во Англија. Неколкупати се вратила со него во Бакингемската палата, а еднаш тој дури ѝ дозволил да седи во престолот на кралицата.

Кратко потоа, манекенката заминала без збор и веќе никогаш не го побарала. Но, кога биле заедно, наводно, таа побарала од принцот еден украсен сад кој го видела во палатата и побарала да ѝ го подари, за таа да ѝ го однесе на мајка ѝ. Сепак, официјална потврда од кралското семејство за ова нема.

Оние кои ги познавале и двајцата сметаат дека нивната врска немала шанси бидејќи Каприс состаноците со принцот ги доживувала како платонски. Таа решила да замине во оној момент кога првпат се појавиле медиумски наводи за нивниот однос. Наводно, парот се состанувал цела година.

Слични содржини