Во документот се наведува и дека „вестите на социјалните медиуми ја зголемуваат можноста за масовно движење од Турција до границите на Европската унија“.
Пред неколку дена, Агенцијата на Европската унија за заштита на надворешните граници (Фронтекс) состави доверлив извештај чија содржина беше откриена во медиумите и објавена од германскиот весник Die Welt.
„Во извештајот се вели дека се очекува масовна миграција од Турција“, пишува Die Welt, повикувајќи се на документот „Фронтекс“, кој инаку беше подготвен за креаторите на политиките во Европската унија.
„Ќе биде тешко да се запрат голем број на луѓе кои патуваат во Европа“, предвидува извештајот на „Фронтекс“, додавајќи дека „притисокот ќе расте само во наредните неколку дена“. Понатаму, Фронтекс предвидува дека бегалците нема да бидат запрени со интервенцијата на турските власти доколку решат повторно да ја затворат границата кон Грција.
Грција и Бугарија се првите на удар. Токму тоа е причината зошто бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска отиде на официјално патување во Турција за да разговара со претседателот Реџеп Таип Ердоган, кој ги отвори границите и дозволи стотици илјади мигранти во Европа. Турскиот претседател ги користи мигрантите само како средство за постигнување геополитички цели.
Сè што прави Ердоган е вршење притисок врз членките на ЕУ и НАТО, за да ја добијат својата поддршка за нивните воени операции во Сирија.
Говорејќи за Грција, премиерот Киријакос Мицотакис најави дека неговата влада на еден месец ќе го укине човековото право за барање азил. Патем, во моментов има ситуација на вонредна состојба во Грција, а особено на островот Лезбос. Мештаните со денови се судрија со војската и полицијата обидувајќи се да ги сопрат мигрантите.