Најпосакуван Автомобил за 2020 е Range Rover Evoque

од Vladimir Zorba
168 прегледи

Изборот „Златно Тркало“ се одржа премиерно оваа година, каде целата македонската јавност со пристап кон интернет и социјални мрежи можеше да го даде својот глас и да го избере Најпосакуваниот Автомобил во нашата држава, поделени во 5 категории.

По иницијатива на Авто Плус, заедно во организација CARClub, Cars by Vik и RPM, Златно Тркало пристигна како уникатен начин за да се избере најпосакуваниот автомобил.

Учество во изборот можеа да земат сите нови автомобили кои се промовираа на пазарот во изминатите 12 месеци, односно помеѓу две изложби на Салонот во Женева.

Вкупно имаше 13.287 гласања, плус околу илјада кои беа одбиени. Треба да се напомене дека активностите околу гласањето минаа во фер и спортска атмосфера, сите финалисти беа промовирани адекватно и подеднакво на социјалните мрежи од страна на организаторите.

По добивањето на конечниот број гласања, со кои се постигна репрезентативен примерок каков што досега не е забележан кај нас, избрани се победниците во секоја од категориите, а тоа се:

Најпосакуван Електрифициран Автомобил: Toyota RAV4 со 55,26 проценти од гласовите

Најпосакуван Семеен Автомобил: Hyundai Elantra со 69,99 проценти од гласовите

Најпосакуван Бизнис Автомобил: SEAT Tarraco со 45,60 проценти од гласовите

Најпосакуван Градски Автомобил: Volkswagen T-Cross со 37,43 проценти од гласовите

Главна награда за Најпосакуван Автомобил за 2020: Range Rover Evoque со 35,79 проценти од гласовите