Сиера Леоне го повлече признавањето на Косово како независна држава, рече министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ, кој престојува во официјална посета на земјата.
Сиера Леоне, сместена во Западна Африка на атлантскиот брег, е 18-та земја што го повлекл признавањето на Косово како независна држава.
„Со особено задоволство можам да покажам нота од Министерството за надворешни работи во која се вели дека Сиера Леоне го повлекува признавањето на Косово како независна држава и ќе ги почитува резултатите од дијалогот, со медијација на ЕУ и ООН“, рече Дачиќ за Танјуг.
Шефот на српската дипломатија вели дека во моментов, од 193 земји членки на ООН, 92 држави го признаваат Косово како независна земја, 96 држави не го признаваат Косово, додека пет земји се во флуиден став, односно претежно го признаваат Косово, но повеќе не гласаат за Косово.
„Тоа значи дека Косово повеќе нема мнозинство во ООН“, рече Дачиќ.
Тој рече дека „признавањето“ на независноста на Косово е од особено значење за Белград и потсети дека Сиера Леоне беше меѓу првите земји што ја призна независноста на Косово во 2008 година.
Дачиќ рече дека има успешни разговори со претседателот на републиката во Фретаун, дека е договорено билатералните односи, кои биле застојни со години, да се подобрат.
„Претседателот му наложи на Министерството за надворешни работи да го преиспита својот став за признавањето на Косово“, рече Дачиќ.
Тој додаде и дека се очекува посета на претседателот на Сиера Леоне во Србија во јуни, а пред него ќе дојде министерката за надворешни работи, за да ја подготви таа посета.