Во Италија во последните 24 часа починале 27 лица од коронавирус

од Aleksandar Petrovski
171 прегледи

Од последиците на коронавирусот во Италија во последните 24 часа починаа уште 27 лица, а вкупниот број починати се зголеми на 79 луѓе. Италијанските здравствени служби соопштија дека постои можност да воспостават нова црвена зона на карантин во настојувањето да го оневозможат ширењето на вирусот по порастот на бројот на заболени и починати.

Првиот случај на заразен со коронавирус во Италија е забележан на 21 февруари оваа година.

Директорот на цивилната одбрана на Италија, Анџело Борели изјави дека бројот на заболени во Италија е зголемен на 2.263. Во последните 24 часа од коронавирус починале уште 27 лица, со што вкупната бројка на починати е 79 луѓе. Вкупно 160 лица се излечиле по заразата со новиот вирус.

Еден од починатите пациенти имал 55 години и тој е најмлад кој подлегнал на таа болест во Италија.

Пријавеното зголемување на бројот на смртни случаи е најголемо од првата појава на вирусот пред 12 дена во регионите Ломбардија и Венето. Епидемијата и натаму е сконцентрирана на северот на Италија и најтешко е погодена Ломбардија, но се проширила и на југ.

Заболување е пријавено во сите 20 региони на Италија, освен во еден.

Со коронавирусот кој првпат се појави во КИна се заразени повеќе од 89.000 луѓе во светот, а животот го загубиле повеќе од 3.000.