Шоферот на Боки: Бојан на ревиите и настани во Милано добиваше голем број брендирани парчиња

од Берта Китинска
361 прегледи

Денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за предметот “Рекет” каде што сведочат уште двајца сведоци предложени од одбраната на Бојан Јовановски – Боки 13.

Првиот сведок беше Тони Јосифовски, хирург во приватната клиника Систина, а следниот кој сведочи е Стојан Арсовски.

“Бојан го познавам од 2017 година кога почнав да работам хонорарно како возач. Со отварањето на теливизијта бев вработен на полно работно време. Како возач бев вработен до неговото приведување”, истакна Арсовски.

Тој потенцираше дека го познава Зоран Милецски од град, а го запознал лично во теливизијата. Воедно потврди дека ја познава и Ана Камчева.

” Зоран Милевски доаѓаше и во домот на Бојан во Орман. Повеќе пати доаѓал сам, а во една прилика дојде и со Ана Камчева. Тоа беше периодот ноември 2018 година”, сведочеше Арсовски.

Тој посочи дека Бојан околу на 10 јануари 2019 година бил закажан преглед за втората операција.

” Тој беше хоспитализиран пет дена во болница, а потоа скоро цел месец лежеше дома. Тој воопшто не беше во можност да оди на работа”, истакна Арсовски.

Тој сведочеше дека со Бојан патувал и во Милано.

Бевме на покана на амбасадорот заедно со Бојан, неговата мајка и нивна пријателка. Освен ова патување, уште еднаш бевме во Милано пак со Бојан, неговата мајка и пријателка. Пред да одиме во Милано, бевме во Белград на вечера со Марина Туцаковиќ со нејзиното семејство. На таа вечера сопругот на Марина му даде плико со многу пари на Бојан”, сведочеше Арсовски.

Според него Бојан на тие ревии и настани во Милано добиваше голем број брендирани парчиња.

” Просториите на СЈО ги знам бидејќи во една прилика ги носев Бојан и уредничката Гордана Дувњак на некој состанок. На состаноци сум го носел и во МВР, УЈП и во Владата”, посочи Арсовски.

Тој во своето сведочење зборуваше и за денот кога Бојан беше приведен.

“Јас го возев Бојан и неговите пријатели. Кога стигнавме на граница бевме тргнати на страна. Боки беше приведен, колата беше неколку пати претресувана, а ни беа одземени и дел од личните работи кои до денес не ни се вратени”, посочи Арсовски.

Арсовски посочи дека во два наврти го возел Бојан кај Орце Камчев, кој како што рече бил многу љубезен со него.

“Еднаш Орце му подари на Бојан подарок, рамка за слика која тешко ја ставив во кола”, истакна Арсовски.

Адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски повторнобод судот побара притворот да му биде укинат.

Судот за ова дополнително ќе се произнесе во наредните рочишта.

И.Р

Слични содржини