Доколку и вие го чувате, експертите велат дека грешите. Истражувањето кое во спроведе Whitch? покажа дека само еден од пет Британци ги проверува упатствата за тоа дали треба да се складира во фрижидер, што резултира со тоа дека завршува во него без никаква потреба.
Во истражувањето учествувале 444 личности.
„Откривме многу забуни, дезинформации и лоши навики, вклучувајќи ги и оние дека би можеле да си го загрозат здравјте’, заклучиле истрражувачите мислејќи на сите они кои во фрижидер не чувале јајца и производи базирани на јајца како мајонезот.
Меѓутоа, кечапот, киселите краставички, сенфот, мед, соја сос, јаворов сируп и слични производи можат да стојат на полицата во кујната без страв од загрозување на здравјето. Сепак, многумина ги чуваат во фрижидер поради незнаење.
Во некои случаи, луѓето тоа го прават од лични преференци (сакаат со оладен кечап, на пример), но доколку сте меѓу оние кои тоа го прават од страв, не мора да се грижите.