Јирген Клоп не е без причина еден од најомилените личности во светот на фудбалот.
Позитивен, насмеан и харизматичен, често знае да ги воодушеви и навивачите на ривалските клубови, но јасно е дека постојат и оние на кои им е антипатичен. сепак без оглед на личниот став кон него, треба да го послушате што има да каже за коронавирусот.
Зашто? Затоа што немаше што да каже.
На новинарско прашање да го прокоментира вирусот кој владее од почетокот на годината, како и постапката која Ливерпул ќе ја презеде во случај на опасност, Клоп за првпат одби да даде одговор.
„Она што не го сакам во животот е што за такви сериозни работи прашувате фудбалски тренер. Битно е моето мислење? Не го разбирам тоа“, вели Клоп кому му здосадило неговиот став да биде поважен од оние кои во меѓувреме го дале здравствените работници.
„Вие сте во иста положба како и јас, апсолутно не е битно што кажуваат познатите луѓе. Мора да збориме за работите кои ги знаеме, а не јас кој не знам ништо за тоа да зборам“, рече Клоп.
„За тие работи треба да зборат луѓе кои се професионалци и кои знаат нешто и тие треба да ги советуваат луѓето што прават, па ќе видиме што ќе биде. Јас сум само тренер, не се разбирам од политика и корона. Носам бејзбол капче, небричен сум…“, заклучи германскиот тренер.
Klopp nails this to be honest.
As a society, we seem to be obsessed with famous people’s views on issues rather than the actual experts themselves: pic.twitter.com/BFLaxUwSeE
— ReviewFootball (@ReviewFootball) March 3, 2020