Како нареден сведок во случајот Титаник е повикан Реџеп Кемал.
Обвинителката Стефанова го праша сведокот дали знае да направи разлика помеѓу чланарина и донација.
“Чланарина е кога членовите плаќаат како членови во партијата, а донација е кога некој сака да донира парични средства за партијата. Јас понекогаш плаќав чланарина, а некогаш не. До сега имам донирано еднаш 5-6 денари. Толку имав во џебот”, изјави Реџеп.
Тој потврди дека му било дадена уплатница за да ги пополни неговите лични податоци.
” Ја пополнив уплатницата со мое име и презиме, улица и матичен број. Ја оставив уплатницата на маса во општинскиот комитет Центар заедно со 5-6 илјади денари”, изјави Реџеп.
Тој исто така потврди дека никогаш не бил во банка да уплати 60 денари за партијта ВМРО ДПМНЕ, ниту дека е запознаен дека постои уплатница од 60 илјади денари.
И.Р