Оние што му се закануваат на Косово ќе добијат одговор на нивната територија, рече косовскиот претседател Хашим Тачи, објави денес приштинскиот „Коха“.
Тој ова го рече на парадата во касарната „Адем Јашари“, по повод одбележувањето на 22-годишнината од смртта на еден од командантите и основачите на ОВК.
Премиерот Албин Курти рече дека армијата на Косово треба да се зајакнува од ден на ден, бидејќи Косово „граничи со земја што не ја признава“.
„Живееме, во време кога војната е незамислива, но нема место за несериозност и наивност сè додека „имаме држава што не само што не го признава нашето постоење, туку работи на дневна основа за да ја смени нашата реалност и се снабдува со оружје и опрема од силите што се против НАТО“, изјави Курти.
На членовите на косовките безбедносни сили им се обрати и претседателот на парламентот, Вjоса Османи, која рече дека КБС „ќе продолжи да се развива како професионална воена сила и интероперабилна со силите на НАТО“.