Трет случај на коронавирус во Словенија

од Aleksandar Petrovski
242 прегледи

Станува збор за маж кој бил во близок контакт со првозаразениот. Заедно биле на патување во Мароко, а преку Италија заедно се вратиле во Словенија. Според лекарите на инфективната клиника при Универзитетскиот клинички центар во Љубљана, пациентот засега е во добра состојба и нема клинички знаци на болеста.

Сите оние кои изминативе денови биле во контакт со заразените се веќе изолирани. Бидејќи лицето од Италија до Словенија престигнало со автобус, 19 луѓе кои биле патници во истиот автобус се јавиле за проверка дали се заразени со Ковид-19.

До синоќа Словенија беше една од ретките држави во регионот каде што немаше потврден случај на коронавирус.