Овој мек и вкусен десерт во исто време има и предност пред другите колачи, бидејќи не се прави со пченично брашно, туку со бадемово и пченкарно.
Потребни состојки:
120 гр пченкарно брашно
7 гр прашок за пециво
200 гр путер
200 гр шеќер
3 јајца
Рендана кора од два лимона
Малку екстракт од ванила
Прстофат сол
За прелив:
3 лажици лимонов сок
50 гр шеќер во прав
Подготовка:
Рерната загрејте ја на 175 степени. Калапот за торта (број 24) премачкајте го со путер и обложете го со хартија за печење.
Сувите состојки измешајте ги во еден сад, а во друг изматете ги путерот и шеќерот, па додавајте ги јајцата едно по едно. Кога ќе биде убаво изматено, додавајте ги сувите состојки постепено и мешајте добро со шпатула. Кората од лимоните и ванилата додадете ги на самиот крај и измешајте. Распоредете ја смесата во калапот. Печете околу 40 минути.
Лимоновиот сок и шеќерот во прав измешајте ги и загревајте ја смесата колку да се соединат. Испечениот колач избоцкајте го со стапче за ражниќ и прелијте со глазурата.