Со молотови коктели запалени седум обложувалници во БиХ

од Nikola Popovski
148 прегледи

Неидентификувани сторители со молотови коктели запалиле дури седум обложувалници во малиот град Ускопље/Горњи Вакаф во четвртокот вечерта, соопшти соопшти Министерството за внатрешни работи на Среднобосанската жупанија.

Полицијата известила околу 2:40 часот наутро, непознати лица фрлиле запаливи течности во седум обложувалници и нанеле голема материјална штета.

Според изјавата, веднаш по приемот на пријавата, на местото на настанот излегле полицајци, кои започнале интензивна потрага по сторителите на пожарот. На местото на настанот дошле и членови на противпожарното друштво Горњи Вакуф-Ускопље, кои го гаснеле пожарот.

Истрага за овој необичен напад врз обложувалничките објекти ја презеде, Среднобосанското обвинителство,а припаднциите на криминалистичката полиција преземаат активности за расветлувањето за сторители и мотивите на нападот.

Медиумите наведуваат дека се запалени објектите на двете обложувалници „Спортплус“ и „Спортплус Вин“.

Во Федерацијата Босна и Херцеговина во минатата 2019 година, според податоците од Даночната управа, на обложување се уплатени околу 860 милиони евра. Покрај тоа, чести се критиките на општествените и верските челници за овој порок.

фото: BHDijaspora.net