Принцот Хари или како што инсистира да го нарекуваат, Хари, присуствува на своите последни кралски должности и јавни настани.
Тој и Меган се појавија на доделување на наградите посветени на болните и повредени воени лица. Ова е нивни прв јавен настан откако го најавија повлекувањето од кралсктие обврски.
Хари, кој и самиот е воено лице, изјавил дека му било голема чест да ѝ служи на кралицата Елизабета Втора и на Велика Британија. Со осамостојувањето, тој ги губи поголемиот дел од воените кралски чинови.
На овој настан дојдоа многу посетители со цел да се поздрават со војводата и војвотката од Сасекс, а ситуацијата кулминирала кога еден од присутните ја запросил својата партнерка, радосен затоа што добил награда од кралското семејство.
„Горд сум и чувството нема да ме напушти. Еднаш војник, засекогаш војник. Ми беше чест да бидам вашиот капетан од Велс“, изјавил принцот Хари.