Трамп: Авганистан ќе треба да се бранат сами сега

од Vladimir Zorba
163 прегледи

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Талибанците би можеле да ја соборат авганистанската влада поддржана од САД, откако странските сили ќе се повлечат од земјата, според договорот потпишан минатата недела.

„Државите треба да се грижат сами за себе“, рече тој пред новинарите.

„Единствената работа што можете да направите е да ги држите долго време за рака“, додаде тој.

САД и Талибанците потпишаа договор минатата недела во Доха во кој се предвидува американските и НАТО силите да се повлечат од Авганистан во рок од 14 месеци, со што ќе се стави крај на 18-годишната војна во земјата.

На прашањето дали Талибанците би можеле да го искористат тоа за да ја преземат власта, Трамп одговори дека „тоа не треба да се случи, но и дека може“.

„Не можеме да бидеме таму наредните 20 години. Бевме 20 и ја заштитувавме земјата, но не можеме да го правиме тоа уште толку. Тие ќе треба да се бранат сами сега“, рече американскиот претседател.

Трамп додаде дека не знае дали авганистанската влада е во можност да се одбрани од талибанците, откако странските сили ќе ја напуштат земјата.

„Не можам да одговорам на тоа прашање. Ќе мора да видиме што ќе се случува“, вели тој.

Говорот на Трамп се случи неколку часа по нападот во Авганистан, во кој загинаа скоро 30 лица, за кој одгворност презеде ИСИС.

Тоа е најсмртоносен напад во Авганистан од потпишувањето на договорот од 29 февруари.