302
Вчера во 21.05 часот во Полициската станица Драчево, Г.Д.(59) од с.Батинци, пријавил дека во 18.00 часот пред неговата куќа во с.Батинци неговите синови А.Д.(28) и М.Д.(37) го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка, велат од МВР.
Сочинети се два записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.