
Авиони на Кралските воздухопловни сили (RAF) биле испратени да пресретнат неколку руски авиони во близина на Шкотска.
Англиски „Индипендент“ пишува дека непознат број руски авиони биле забележани во близина на воздушниот простор на Шкотска, област опишана од RAF како „област на интерес“ на Велика Британија.
Испратени се три пара авиони „Еурофајтер Тајфун’. За нив се вели дека пресретнале стратешки бомбардери „Ту-95“.
„Тоа е рутински одговор на пристигнувањето на руските авиони во воздушниот простор на Велика Британија. Овој потег е координиран со некои други сојузници на НАТО“, рече портпаролот на RAF.
Беше посочено дека во ниеден момент руските авиони не влегле во британскиот воздушен простор. Беше испратен и авион за полнење гориво за да ја поддржи мисијата.
Точниот број руски авиони што биле пресретнати не е откриен.
Во меѓувреме, се појавија извештаи дека два авиони Ф-35А кои припаѓаат на норвешкото воздухопловство биле испратени да ги пресретнат руските авиони кои се приближувале кон Скандинавскиот полуостров.
Според извештаите на локалните медиуми, два Ту-142 пристигнале во воздушниот простор на Норвешка. Ова е првпат авиони Ф-35 да бидат испратени во мисијата за пресретнување, а Норвешка досега претежно испраќала борбени авиони Ф-16.
https://www.youtube.com/watch?v=GMYmG2gUHiE&feature=emb_title