Научници откриле нови симптоми на коронавирусот, слични на оние на денга

од Vladimir Zorba
201 прегледи

Група лекари од Сингапур откриле нови симптоми на коронавирусот. Резултатите од истражувањето беа објавени во списанието „Лансет“.

Според нивните податоци, некои пациенти првично биле дијагностицирани со денга. Пациентите се пожалиле на треска и осип. Тие немале никакви симптоми типични за коронавирус.

Третманот за денга треска не помогнал и пациентите почнале да се жалат на снемување на здив и дополнително биле тестирани за коронавирус. Анализите покажале позитивни резултати.

Лекарите ги повикале колегите сериозно да ја сфатат дијагнозата, потсетувајќи ги дека несоодветниот третман претставува закана за јавното здравје.

Денга треската е инфекција предизвикува вирус денга. Комарец го пренесува (или шири) вирусот на денга. Денгата треска е позната и како „треска на коските“ бидејќи предизвикува толку силна болка што луѓето имаат чувство дека некој им ги крши коските.

Слични содржини