Комисијата на заразни болести на денешната средба на која единствена точка беше состојбата со коронавирусот и мерките кои треба да се преземат побараа училиштата, градинките и факултетите да не работат 14 дена.
Оваа заострена мерка се бара по состојбата со коронавирусот во земјата, од кој има 7 заразени случаи.
Покрај затворање на училиштата, градинките и факултетите Комисијата на заразни болести ги предложи и следните мерки:
– Се забрануваат сите масовни собири на отворено и затворено, сите културни настани на ниво на РСМ, а спортските настани да се одвиваат без публика
– Се воведува задолжителна самоизолација на сите лица кои доаѓаат од високо и средно ризичните држави во период од 14 дена (ажурирана листа да се достави).
Денеска и приватното училиште НОВА донесе одлука да ги пушти на распуст децата кој ќе трае до 24 март.
За оваа одлука родителите биле известени по писмен дописи, воедно тие и на својот Фејсбук профил објавија дека ги одложуваат своите претстави заради ширење на коронавирусот (КОВИД-19).
„Решивме дека најдобриот начин за да се заштитме е да се одложат настаните.И двата настани се со јавни собири и ќе ги одржиме откако ќе се подобри ситуацијата“, напипаа од приватното училиште на својот профил.
Dear Nova community, we are informing you that we have postponed two events for our community: the Nova HS Performance,…
Публикувахте от NOVA International Schools в Вторник, 10 март 2020 г.