Не пијте кафе кога сте под стрес, ја зголемува напнатоста

од Elena Daskalova
451 прегледи

Поради динамичниот начин на живеење и професионалните и приватните обврски, често сме изложени на стрес, а некогаш ни треба време додека да ги забележиме првите знаци дека нешто такво ни се случува.

Нутриционистите советуваат кога сте под стрес да избегнувате кафе, бидејќи можеби ќе ви даде привремен поттик на енергијата, но потоа може да ја влоши ситуацијата и да се чувствувате анксиозно и неудобно во својата кожа.

Од друга страна, постојат намирници кои би ви помогнале да се чувствувате подобро доколку сте под стрес. На пример, можете да испиете чај од камилица со малку мед, да јадете пуканки кои не се многу солени, но и интегрални крекери и леб од цело зрно жито.

Добар извор на фолна киселина, која помага во лачење допамин, се сончогледовите семки. Комбинацијата на јаглехидрати и масти кои доаѓаат од растенија му помагаат на мозокот, а со тоа и вас и на вашето тело, подобро да се релаксирате.

Слични содржини