512
ЈСП Скопје од утре времено ги укинува бесплатните годишни и средношколски и студентски билети. Како што информираат од Јавното претпријатие, времено се укинува и бесплатниот превоз за пензионерите.
Како што пренесуваа од ЈСП:
Укинувањето на бесплатниот превоз на посочената категорија корисници е согласно актуелната состојба со коронавирусот и препораките од надлежните институции за превенција и заштита од вирусот.
Одлуката е времена, ќе важи во наредните две недели, се до наредните препораки.