Ловокрадци убиле ретки бели жирафи во Кенија

од Elena Daskalova
365 прегледи

Во Кенија ловокрадци убиле два примерока од белите жирафи, кои биле вкупно три. Женката жирафа и нејзиното бебе биле во фаза на распаѓање, а жив е единствено уште мажјакот.

Нивната бела боја се должи на состојбата позната како леуцизам којашто ја инхибира пигментацијата во некои клетки на кожата.

Оваа состојба е различна од албинизмот кој спречува произведување на меланин во клетките. Во соопштението стои дека животните се убиени од страна на вооружени криволовци.

Белата жирафа го привлече вниманието на јавноста во 2017 година кога за прв пат беше откриена во кенискиот резерват и кога роди две младенчиња. Сè уште не се идентификувани криволовците и нивниот мотив е непознат.

Слични содржини