Веста за одложување на премиерата на новиот филм за Џејмс Бонд поради коронавирусот ги разочара фановите на популарниот британски таен агенд ширум светот.
Филмот No Time To Die, кој веќе ја има својата насловна нумера која ја пее и потпишува Били Ајлиш, во кината требаше да пристигне во април, а светската премиера засега е одложена за крајот на ноември, па многумина го прогласија за најисчекуваниот филм на годината.
Познатиот агент и заводник во новиот филм го глуми Даниел Крег, кој го отелотвори во четири претходни филмови и е шести Џејмс Бонд досега. Даниел е и најмалку контроверзен Џејмс Бонд, барем доколу се суди по видеото кое пред две години ги заинтригира младите.
Имено, Јујтјуберот ГуруКид објави компилација од сцени од филмовите за Џејмс Бонд во кои познатиот агент е прикажан како женомразец и силувач, а неговото видео предизвика лавина коментари од млади лица на социјалните мрежи.
Just rewatched a number of James Bond films over Christmas and realised he’s a fair bit Rapey at times.
— Lissy (@MissAliciaSarah) January 1, 2018
Сцените во кои агентот 007 ја удира својата партнерка по задникот откако и вели да си оди и „да ги остави мажите да зборуваат“, форсира бакнежи и други „романтични“ моменти со жените, упаѓа неповикан во бањата додека жената е гола и слично, потикнаа теории за тоа дека Џејмс Бонд всушност е насилник кој не ги почитува жените и дека е сериски силувач.
In the early films, James Bond was a full on rapist! #goldfinger
— Pollitt Buro (@LeePollitt) January 18, 2018
„Само што ги изгледав сите филмови за Џејмс Бонд и сфатив дека тој често се однесува како силувач“, „Џејмс Бонд во старите филмови бил вистински силувач“, биле само некои од коментарите кои тогаш ги преплавиле социјалните мрежи, но имало и онакви кои го бранеле, нагласувајќи дека тоа е измислен лик, како и тоа дека тоа биле „други времиња“.
И самиот автор на видеото кој го поттикнал ова мислење, нагласил дека се работи само за шега.
„Ова требаше да биде смешно видео. Не мислев дека луѓето ќе го сфатат толку сериозно“, објаснил јутјуберот.
Во продолжение погледнете го спорното видео: