Медиуми: Италијански државјанин побегнал од карантин во Хрватска

од Nikola Popovski
182 прегледи

Италијански државјанин, кој избегал од карантин во Хрватска, бил пронајден на границата меѓу Црна Гора и Србија во автобус на „Ластa“ што патувал за Белград, пренесува Танјуг.

Автобусот бил запрен на граничниот премин Шпиљани. На италијанскиот државјанин не му било дозволено да влегува во Србија во согласност со пропишаните мерки.

Автобусот бил преместен во Белград, каде превентивно ќе биде дезинфициран.

Од РТС известуваат дека сите 12 патници кои биле во автобусот и имале контакт со италијанскиот државјанин биле згрижени во Здравствениот дом во Нови Пазар. Како што објави РТС, никој од нив немал симптоми на коронавирус.

Патниците продолжиле на своето патување, а како што наведува Танјуг, им биле издадени решенија за куќен надзор или изолација.