Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,Христијан Мицкоски поденешната лидерска средба во Владата изјави дека техичкиот премиер Оливер Спасовски ги запознал за мерките, препораките и забраните во однос на корона вирусот.

„Се договоривме да останеме во контакт. Кратката средба беше од информаривен карактер, не се разговараше за политички теми. Македонија нема да биде имуна од последиците од корона вирусот. Тука сме и ние да дадеме сет препораки за економијата, бидејќи тоа ќе се осети и на буџетот“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ по средбата.
Мицкоски рече дека не се разговарало за одложување на изборите. Тој посочи дека ќе има алтернативен начин на водење кампањи, преку медиумите и социјалните медиуми.
– Нема да има митинзи, согласно забраните од Владата, додаде Мицкоски.
А.Т.