Објавено е првото оздравување од коронавирусот во Хрватска – еден млад човек на кој му беше дијагностициран коронавирус на 26 февруари е пуштен од Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михалјевиќ“ во Загреб, потврди министерот за здравство Вили Берош во изјава за државната агенција Хина.
Младиот човек бил негативен на двата теста за коронавирус и бил пуштен на домашна нега. Тоа е брат близнак на првиот пациент кој бил хоспитализиран на 25-ти Февруари.
Тој бил во Милано за натпреварот во Лигата на шампионите меѓу Аталанта и Валенсија. По враќањето, ја пренел болеста на неговиот брат близнак и девојката.
Првозаболениот и неговата девојка се во добра состојба и се очекува и тие да бидат пуштени на домашна нега, најави министерот Берош.