Поранешниот и последен советски претседател Михаил Горбачов смета дека светот во првите два месеца од 2020 година веќе два пати се најде на работ на судир со учество на светските сили, пренесуваат руските медиуми.
Според него, јастребите заради власта се подготвени на се.
-Доколку војната е последица на политиката тогаш таквата политика не ни треба! Денеска во светот треба да се слушне друг збор – да се предомислиш. Да се запреш! Да се запрат било какви акции, кои не доближуваат до катастрофа, тоа е она што одговорните политичари треба да му предлагаат на народот, порача Горбачов.
Тој истакна дека тоа е посебно важно во услови на најопасната закана во светот- пандемијата од коронавирус.
-Посебно голама одговорност лежи на големите сили. Многу ми е жал што лидерите на САД и Велика Британија го одбија повикот на рускиот претседател да допатуваат во Москва на одбележувањето на 75-годишнината од победата. Ја отфрлија таа можност заедно со другите постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации да разговараат за актуелната загрижувачка ситиација и да ја потврдат тезата за недозволивоста на нуклеарната војна, нагласи последниот советски претседател.