Словенија доби нова влада: Јанез Јанша е новиот премиер

од Nikola Popovski
264 прегледи

Словенија ја доби 14-тата Влада откако Собранието го поддржа кабинетот на Јанез Јанша.

52 пратеници гласале за Владата, додека 31 биле против, пренесува Танјуг.

Покрај изборот на влада, главни теми на дискусија биле борбата против коронавирусот и пасивноста на претходната влада пред почетокот на избувнувањето, пренесува СТА.

Јанша на почетокот на седницата изјавил дека борбата против ширењето на вирусот корона ќе биде еден од главните приоритети на почетокот на операцијата на дејствување на новата влада и дека следната недела би била клучна за да се запре ширењето на епидемијата, пренесува Хина.

Тој повика на строго придржување кон веќе воспоставените мерки, намалување на јавните контакти и одговорност и најави дека неговата влада ќе донесе нови мерки, како и интервентни закони за да и помогне на економијата во кризата со вирусот и евентуалната рецесија и да донесе ребаланс на државниот буџет што е можно поскоро.