Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на вонредна прес-конференција соопшти дека во земјата се прогласува вонредна состојба поради епидемијата со коронавирусот.
Тој рече дека одлуката е донесена заедно од Претседателот на Републиката, Премиерот на Србија и претседателот на Националното собрание.
Ова значи дека се препорачува старите лица да не ги напуштаат домовите и дека во наредните денови ќе се вршат проверки за да видат колку граѓанинте се придржуваат кон оваа мерка. Претседателот ги повика помладите да не ги посетуваат постарите членови на нивните семејства и да не ги носат своите деца за да ги гледаат „нивните баби и дедовци“.
„Ако не се почитува оваа препорака, ќе мора да донесеме обврзувачка одлука во рок од 72 часа дека сите постари лица мора да останат во своите домови и нивните дворови. Ве молам, никој да не нè принудува да издадеме таква наредба“, рече Вучиќ.
„Ние не ја донесовме лесно оваа одлука. Денес е можеби најлошиот ден за Европа по Втората светска војна“, рече Вучиќ.
Тој рече дека Србија е „во војна против невидлив противник“ и дека е „борба за нашите родители, за нашите стари лица, но и за иднината на Србија“.
„Во Србија денес имаме уште две заразени лица, вкупно 48. Немаме смртни случаи, но нема сомнение дека во наредните денови ќе се соочиме со тоа, и се надеваме дека ќе можеме да обезбедиме раст на ваквите случаи аритметички, а не геометриска прогресија како во Италија, Шпанија … “, рече Вучиќ.
Од утре нема училиште, нема градинки, факултети, тренинзи, спорт, теретани, објави Вучиќ.
„Веројатно нема да ги отвориме училиштата до крајот на годината“, рече тој, барајќи никој да не ги носи децата кај своите родители.
Имаме брашно за 12 месеци, рече Вучиќ, додавајќи дека Србија ќе треба да им помогне на народите „околу нив“ со брашното. Тој додаде дека немат проблем со маслото или оризот.
Вучиќ рече дека денес испратил писмо до Претседателот на Кина, кого го нарече брат и пријател на земјата, „гарантирајќи му челично пријателство“. Тој изјави дека бара „сè од Кина“. „Ние дури баравме лекари“, истакна тој.
Секој што ќе ја прекрши наредбата за изолација ќе биде осуден на три години затвор, рече тој, велејќи дека тоа е со закон, што не е ново.