Угина ѕвездата од серијата Модерно семејство, францускиот булдог Стела, јавува People. Во серијата, нејзин сопственик беше Џеј Притчет, кој го отелотвори Ед Онил.
Во реалниот живот кучето се викало Беатрис, а за серијата го подготвила агенцијата Good Dog Animals, која тренира животни за телевизија и филм.
Сопствениците Гуин и Стив Соломон во 2017 година зборувале за работата на Беатрис на сетот од Модерно семејство.
– Ед ја обожува. Беше многу лесно да се работи со него бидејќи се грижи за Беатрилс и внимава на неа. Кога снимаа сцени во дворот покрај базенот, секогаш велеше да ѝ донесат чадор да не биде изложена на сонце – рекла Гуин.
Беатрис за прв пат се појави во четвртата сезона од серијата, кога го заменила претходното куче, Бриџит.
Во февруари, серијата заврши со снимање, а последната епизода би требало да се емитува во април.