Голем пад на цените на горивата

од Vladimir Zorba
310 прегледи

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) соопшти дека од ноќеска, бензините СУПЕР 95 и СУПЕР 98 поевтинуваат за 7,5 денари, а дизелот за 6 денари.

Еуросупер 95 ќе се продава за 54,5 денари, Еуросупер 98 за 56,5 денари и дизелот за 48,5 денари

Големиот пад на цените се должи на падот на цената на нафтата на светско ниво.

Од РКЕ соопштија дека поради коронавирусот, додека траат мерките, нема да има исклучување на вода, струја и парно.