Додека пандемијата од коронавирусот ја држи Италија во карантин, нејзините жители наоѓаат разни начини како да не им паѓа ведриот дух. И додека многумина излегуваат на балконите и пејат и свират, најдобриот стрелец на Серија А и неговата сопруга покажаа дека ниту ним не им е досадно.
https://www.instagram.com/p/B9FTx1Fo-Sx/
Чиро Имобиле оваа сезона забил 27 гола и уверливо е пред Кристијано Ронално на листата на стрелци, а неговата сопруга Џесика Мелена сега покажа како парот го поминува времето во карантин.
https://www.instagram.com/p/B9w20ujoHI9/
Напаѓачот на Лацио и неговата сопруга со која има две деца, времето го поминуваат со музика и танцување, а учествувале и во предизвикот за подготовка на торта, што ги изненади фановите на фудбалерот.
https://www.instagram.com/p/B9uHlfAILG-/?utm_source=ig_embed