Димитров со амбасадорите од регионот: Ќе се усогласува режимот на движење на стоките

од Aleksandar Petrovski
82 прегледи

На иницијатива на Министерството за надворешни работи (МНР), шефот на дипломатијата Никола Димитров денеска одржа работен состанок со амбасадорите на Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Косово, Словенија, Србија, Хрватска и на Црна Гора во земјава за меѓусебна координација и договор што ќе овозможи непречен транспорт на стоки во регионот.

Како што соопшти МНР, министерот Димитров, кој го водеше состанокот, истакна дека непречениот транспорт на стоки е во интерес на сите држави од регионот и тоа треба да го реализираме со минимален ризик по здравјето на сите вклучени во тој процес.

На средбата, се додава, учествуваа и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски, генералната секретарка на македонската транспортна асоцијација Макам-транс, Биљана Муратовска, како и претставници од Министерството за внатрешни работи и Министерството за здравство на Република Северна Македонија.

Од страна на амбасадорите, пак, беа презентирани информации во однос на мерките што се преземени во нивните земји и сите се согласија за создавање усогласен режим на движење во овој кризен период, стои во соопштението.

Слични содржини