(ВО ЖИВО) Следете ја седенката на Драган Спасов-Дац, Александар Митевски и Наташа Скендеровски

од Vladimir Zorba
629 прегледи

Драган Спасов-Дац и Александар Митевски вечерва во 20 часот ќе се вклучат во живо од нивната фејсбук фан-страна. Тие подготвуваат музичко-забавна програма која ќе се одвива во студио Скендеровски.

Седенката на која ќе се пее, зборува и едуцира за музиката, ќе биде достапна во живо на Фејсбук.

„Како што ви најавивме во петокот, утревечер со Дац ќе Ви направиме музичко изненадување. Одиме LIVE од студио Скендеровски, а наш домаќин ќе биде Bojana Skenderovski.#СЕДИДОМА и “ќе ви дојдеме на гости” на една убава СЕДЕНКА. Ќе музицираме, ќе ве едуцираме и ќе муабетиме. 20:00 на нашата FB страна“, споделија тие.

Дац, Митевски и Скендеровски преку песната „Љуби ме и главата горе“, објавена деновиве, им се заблагодарија и на сите херои на денешницата кои се вклучени во борбата со коронавриусот.