Канада ги затвора границите, Трудо: Ако сте во странство време е да се вратите дома

од Aleksandar Petrovski
267 прегледи

Влегувањето во Канада ќе им биде дозволено само на канадските граѓани и оние со престој во земјата, објави премиерот Џастин Трудо.


Ова е последно во низата мерки за борба против епидемијата на коронавирус.

Мерката се спроведува од среда, а авиокомпаниите ќе бараат од патниците да ги покажат резултатите од прегледот, односно да кажат какви симптоми имаат.

„Ако сте во странство, време е да се вратите во матичната земја“, рече канадскиот премиер во своето обраќање.

Инаку, тој е во изолација бидејќи неговата сопруга е позитивна на коронавирусот.

Слични содржини