
Лидерите на терористичката група Исламска држава ги предупредија своите следбеници да избегнуваат да патуваат во Европа заради закана дека ќе бидат заразени со КОВИД-19, пишува британскиот весник „Сан“.
Организацијата, која долги години поттикнува омраза кон западните земји и организираше терористички напади на територијата на Стариот континент, ја нарече епидемијата „чума испратена од Бога“.
Терористите на ИД ги советуваат своите борци „да се држат настрана од епидемијата“ за да не бидат погодени од смртоносниот вирус.
Тие дури објавија список со специфични совети за своите следбеници, вклучувајќи препорака да ја „покријат устата при кивање или прозевање“ и редовно да ги мијат рацете.
Во својето електронско издание „ал Наба“, тие објавуваат цитати од пророкот Мухамед и ја нарекуваат заразата „проклетство од Бога испратено до оние, што тој сака да ги казни“.
Според групата, болестите „не се појавуваат сами по себе, туку по волја на Бога“.
Во пораката до нејзините следбеници, терористичката организација изјави дека „здравите не треба да ги посетуваат земјите погодени од епидемијата и заразените не треба да ги напуштат“.