Сите државни институции работат во полн капацитет, секојдневно заседава Комисијата за заразни болести која редовно излегува со нови препораки и нови заштитни мерки, Министерството за здравство заедно со лекарите и медицинскиот персонал деноноќно се на работните места со цел да ги спречат последиците од вирусот, Владата е во постојано заседание и будно ја следи состојбата внатре во државата, но и опасностите кои се појавуваат од надвор, соопшти СДСМ.
„За оние кои ќе се обидат на ваков начин да им наштетат на граѓаните, следуват високи казни, но и кривични пријави. Институциите се максимално посветени, заедно со стручни експерти, да продолжат да ја држат ситуацијата под контрола, да нема нови жаришта на вирусот и во статистиката да не заведуваме жртви, туку излекувани пациенти.
Веруваме и во капацитетот на граѓаните и очекуваме дека нивната одговорност и сплотеност ќе помогнат во справувањето со вирусот“, се вели во соопштението на СДСМ.